Северна Кореја
Пјонгјанг истрела проектил кој паднал во близина на Јапонија
18.11.2022 10:10
„Севернокорејската интерконтинентална балистичка ракета што слета во Јапонија може да го погоди копното на САД“, велат јапонските власти...

„Севернокорејската интерконтинентална балистичка ракета што слета во Јапонија може да го погоди копното на САД“, велат јапонските власти.
Во последната проба нема извештај за предизвикана штета на бродови или авиони. Потегот на Пјонгјанг повторно осуден од Вашингтон, Токио и Сеул.
Во изминатите два месеци, Северна Кореја истрела над 50 проектили, од кои повеќето се со краток дострел.
