Од 1-ви јануари нов закон за управување со текстилниот отпад
Текстилниот отпад наместо на депониите, треба да завршува како репроматеријал во текстилната, изолациската, градежната и автомобилската индустрија. Ново законско решение за справување со текстилниот отпад стапува на сила од први јануари. Штип со децении се соочува со огромни количини текстилен отпад...

Четириесет насто од индустрискиот отпад во Штип или 700 тони годишно продуцираат текстилните компании. Со децении овој отпад завршува на градската депонија, без да се селектира и рециклира.
Надеж за решение на проблемот дава Законот за управување со дополнителни текови на отпад, кој стапува на сила од први јануари. Се очекува новиот закон да овозможи воспоставување функционален систем за регионално управување со отпадот, изградба на регионални депонии и затворање на нестандардните депонии и ѓубришта.
Во меѓувреме во Штип се реализира проект кој потврдува дека текстилниот отпад е ресурс кој не е доволно искористен.
Актуелната регулатива ги обврзува текстилните компании да го складираат отпадот кај нив, да го стават на увид на Царинската управа и на крај отпадот завршува во контејнерите.
Славица Величковска
