Изложба „Ченто – Биографија низ фотографија“ се отвора во Спомен куќата на Христо Узунов
Преку фотографии се следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.

Вечерва во Охрид, во куќата на Христо Узунов, ќе биде отворена изложбата „Ченто – Биографија низ фотографија“. Изложбата е впо организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид и Прилеп, а по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов- Ченто.
Преку фотографии се следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.
Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар- кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј од Прилеп, информираат од охридскиот Завод и Музеј.
