Косово

Белград и Приштина не постигнаа договор

18.11.2022 11:20

„Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни“, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија...

„Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни“, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија. РТС се извини поради објавување на веста од агенцијата Фонет дека во Брисел била постигната спогодба.

Од 21-ви ноември Србите кои не ги пререгистрирале возилата со таблички „РКС“ ќе треба да платат 150 евра казна. Како реакција на одлуката, претставниците на Србите од северот на Косово ги напуштија политичките институции.