Руски напади на енергетската инфраструктура
Постојани украински напади врз украинската енергетска инфраструктура. Над 10 милиони Украинци се без електрична енергија, предупреди Зеленски. Меѓународната агенција за атомска енергија ја повика Русија да ги прекине сите дејства во нуклеарните постројки...

„Над 10 милиони Украинци се без струја“ – изјави украинскиот претседател Зеленски. Војската тврди дека енергетската инфраструктура е под постојани руски напади. Киев и натаму меѓу најкритичните цели. Главниот град е веќе под снежна покривка така што службите се обидуваат да ја реактивираат енергетската мрежа. Слична состојба и во Херсон.
„Две недели немаме светло. Ни се одмрзнаа фрижидерите. Немаме што да јадеме, немаме пари, вода, греење. Живееме во студ.“
„Русите одат наоколу и ги проверуваат луѓето, од куќа во куќа. Не натераа да се евакуираме, да земеме руски пасоши. Но издржавме и сега сме слободни. Иако немаме ни вода ни струја, ја имаме реката Дњепар.“
Меѓународната агенција за атомска енергија ја усвои третата резолуција за војната во Украина. Ја повика Русија да ги прекине сите дејства во нуклеарните постројки, особено во Запорожје.
Русија смета дека огромно мнозинство од државите во светот не се приклучуваат на антируските санкции.
„Нема да навлегувам во детали за фактот дека е почната вистинска хибридна војна против нашата земја. Во исто време, огромното мнозинство од државите во светот; Азија, на Блискиот исток, во Африка, во латинска Америка, не се приклучија кон антируските санкции, бидејќи се водат од нивните автохтони национални интереси“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Рускиот министер за надворешни работи рече дека е важно да се поддржат меѓународните проекти кои и помагаат на Русија да им се спротивстави на санкциите.
Марина Ристова
