Се заштитува монументалниот иконостас во „Свето Благовештение“
Стручњаците од битолскиот и прилепскиот завод и музеј интензивно работат на реставрацијата и конзервацијата на монументалниот иконостас во познатата прилепска црква „Свето Благовештение“. Нема опасност од негово уништување, се категорични конзерваторите. За догодина останува најважната, завршна фаза – стабилизација на големата конструкција...

Интензивно се третираат оштетувањата и се заштитува големиот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“. Еден Е од трите најпознати дела во земјава на мијачките мајстори, најмонументален по големината. По ланските детектирања на состојбите и почетните зафати, стручњаците од битолскиот и прилепскиот завод и музеј забрзано работат на деталната заштита на резбата и вградените икони.
Од прилепскиот музеј категорично ги отфрлаат стравувањата дека може да падне. Догодина ќе биде најважната, завршна фаза – зацврстување и стабилизирање на целата конструкција со димензии 16 на 7 метри.
Ќе се работи до средината на декември. Реставрацијата и конзервацијата се сметаат за најтемелни досега. Иконостасот датира од пред 184 години кога е градена најпознатата прилепска црква „Свето Благовештение“.
Елизабета Митреска
