Македонија

Раскинат колективниот договор на вработените во МЗШВ

18.11.2022 12:31

Инспекторатот за труд утврдил дека постапката за склучување на колективен договорот во Министерството за земјоделство била незаконска, по што и предложил на Владата да го раскине. Од УПОЗ велат дека ова е исмевање на колективните договори и омаловажување на вработените. Најавуваат кривична пријава за министерот Николовски...

Владата го раскинаа колективниот договор на вработените во Министерството за земјоделство. Инспекторатот за труд утврдил дека постапката за склучување на договорот била незаконска, по што и предложил на Владата да го раскине, а отказот го потпишал ресорниот министер. За оваа информираа од Синдикатот на УПОЗ од каде сметаат дека ваквата постапка е исмевање на колективните договори, омаловажување на вработените и показател дека во иднина на ист начин ќе се откажуваат и други договори.

Од Синдикатот најавија кривична пријава за министерот Љупчо Николовски заради неисполнување на правата од Договорот.

По раскинувањето, колективниот договор треба да се спроведува уште шест месеци по што престанува важноста. Бил потпишан лани во февруари со важност до наредната година и со него се опфатени речиси 1.000 вработени.

Анита Димитријевска Велковска