Ховит упорен, на ред е ЕУ

26.11.2013 09:13

Ричард Ховит известувачот на Европарламентот за Македонија ...

Ричард Ховит известувачот на Европарламентот за Македонија повторно предложи резолуција со која ќе почнат преговорите на Унијата во декември. Според известувачот, Македонија ќе се соочи со реверзибилен процес, враќање назад, а европските критериуми ќе бидат доведени во прашање. И европратениците Едуард Кукан и Бернд Посел отворено побараа во декември ЕУ конечно да реши и да ги почне преговорите со Македонија.На седницата немаше коментари од грчките, но затоа бугарските европартеници направија обид за дискредитација на македонските позиции, клеветејќи ја владата за национализам.
 
И минатата година, евроизвестувачот испрати сличен драфт до Европскиот Совет, но изменети по повеќето билатерални спорови меѓу земјите-членки и државите-кандидати за ЕУ.