Потпишан договорот со „Текнопанел“, компанијата инвестира 20 милиони евра и ќе вработи 120 лица
Потпишан договорот со турската високотехнолошка компанија, „Текнопанел“. Предвидено е да инвестира 20 милиони евра, а ќе се отворат 120 вработувања. Во новиот капацитет со површина од 54 илјади квадратни метри што ќе се гради во индустриската зона Скопје-1, ќе се произведуваат најсовремени сендвич-панели...

Да се работи во компанија отворена за иновации ми овозможува да сум во тек со случувањата во бизнис светот, вака Серги Ашар, првата вработена во Текнопанел Македонија. Го опишува своето работно искуство почнато пред неколку години во Турција.
Според најавите, просечната нето-плата во компанијата ќе биде 600 евра. Согласно со инвестицискиот план, вкупниот извоз во наредната декада треба да надмине 170 милиони евра.
Ова е прва инвестиција на Текнопанел надвор од Турција.
Марија Котовска
