Анализа

Случајот Онишченко треба да биде отрезнување за институциите

18.11.2022 14:34

Дефинитивно отрезнување на институциите кои се вклучени во постапките за издавање државјанство треба да биде последниот случај со доделеното државјанство на Онишченко, вели за МТВ аналитичарот Муслиу. Случајот со Онишченко како и со претходните исправи кои им беа издадени на балкански и светски криминалци, покажува колку е системот порозивен и корумпиран, смета амбасадорот Никовски...

Дефинитивно отрезнување на институциите кои се вклучени во постапките за издавање државјанство треба да биде последниот случај со доделеното државјанство на Онишченко, вели за МТВ аналитичарот Муслиу. Можеби тоа не претставува безбедносен ризик, но е пропуст со кој се урива угледот на земјата.

Рамноправна членка сме на НАТО и одговорни сме за нашите постапки, и доколку сакаме да покажеме зрелост ќе мора да ја исправиме грешката, додава Муслиу.

Случајот со Онишченко како и со претходните исправи кои им беа издадени на  балкански и светски криминалци, покажува колку е системот порозивен и корумпиран, вели амбасадорот Никовски. Воопшто не е за изненадување тоа што се заинтересиле од сад бидејќи ние сме членка на нато а безбедносните служби треба да се на највисоко ниво на доверливост и тајност.

Земјава ќе мора интензивно да работи на проветрување на службите одговорни за овие постапки, доколку планира да си ја врати довербата и да се вброи во сериозните земји кадешто владее словото на законот.

 

Фиљана Кока