Пониски цени од 1-ви декември
Од први декември, за 5 до 12 проценти пониски цени на лебот и млекото, информира министерот Бектеши. На средбата со компаниите за производство на храна презентиран новиот закон за потрошувачи...

Цената на лебот падна на 36 денари, на млекото на 76. Пониски цени од 5 до 12 насто на основните прехранбени производи се очекува во првата недела од декември, најави министерот Бектеши. Ако нема намалување ќе се донесат новите мерки, кои произлегуваат од Законот за трговија. Не може во време на криза главниот товар да го носат граѓаните. Ќе се изрекува забрана за вршење на дејност ако има измамнички однос кон потрошувачите, изјави Бектеши по средбата со компаниите од прехранбениот сектор.
Во последните месеци се намалени прекршоците во однос на почитување на одлуката за трговската маржа. Трговците да го почитуваат законот во делот на заштита на правата потрошувачите и во делот на законот за трговија апелираат од Државниот пазарен инспекторат.
До министерството се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети и затоа трговците на мало и големо се жалат на цената која е замрзната, вели Бектеши. Ја повика УЈП да направи контроли и да ги санкционира.
Александра Спировска
