Политика

Засега не се разговара за влез на Алијанса за Албанците во Владата

18.11.2022 14:56

Во Владата средба на премиерот Ковачевски со в.д претседателот на Алијанса за Албанците, Таравари. Средбата е продолжување на меѓупартискиот состанок. Се разговараше и за законите неопходни за евроинтеграциите што треба да бидат поддржани во Собранието. Таравари истакна дека засега не се разговара за влез на Алијанса на Албанците во Владата...

Нема договор Алијансата на Албанците да стане нов партнер на Владата. На средбата на со премиерот, в.д. претседателот на Алијансата Таравари, не добил понуда и воопшто не се разговарало за поделба на министерски места, со што ги демантираше сите сепак, можноста да стане дел од владината коалиција во наредниот период е опција која Таравари не ја исклучува, и додаде дека доколку почнат преговори ќе бидат транспарентни во делот на нивните услови.

На средбата се разговарало за европскиот пат, за законските решенија кои се блокирани во Собранието, борба против корупцијата и функционирањето на правната држава. Информациите за влез на Алијансата во Владата – премиерот Ковачевски ја демантираше.

Средбата со в.д. претседателот на Алијансата на Албанците е дел од серијата средби со партиските лидери на кои се разговара за одлуките кои треба да се носат за европската иднина – вели Ковачевски.

Марина Стојанова Тонева