Стружани гласаат во мирна атмосфера, очекуваат напредок

27.04.2014 11:46

Граѓаните на Струга очекуваат од овие избори мир, напредок и вработување на младите...

Во мирна и празнична атмосфера започна гласањето во Струга. Македонија го избира својот петти претседател и осми по ред парламентарен состав. Во нашата држава беа отворени вкупно 3.480 гласачки места од кои 101 избирачко место во општина Струга со вкупно 57.983 гласачи и 2070 во општина Вевчани.

Граѓаните на Струга очекуваат од овие избори мир, напредок и вработување на младите.

„Тоа што е најубаво-тоа да има... Очекуваме да направат се што е во интерес на народот, за доброто на народот, за доброто на државата“, велат случајно анкетираните стружани.

Во Струга сите 101 гласачко место беа отворени точно навреме и до овој момент не се забележани никакви нерегуларности.

 

Јованчо Наумоски