Политика

Ковачки обвини, Петровска најави тужба за клевета

18.11.2022 15:21

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска крие луксузна хациенда со базен во Радишани, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека таа имотот не го пријавила. Побараа имотот да го подари на здруженијата на бранители, а таа да си поднесе оставка веднаш. Министерката Петровска побара изинувнување. Доколку тоа не го сторат во следните 24 часа- најавува тужба...

Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини министерката за одбрана Петровска дека поседува луксузна хациенда со базен во скопската населба Радишани, што не го пријавила во анкетниот лист.

Петровска експресно ги отфрли обвинувањата како невистина и манипулација бидејќи никогаш не поседувала имот на адресата што ја посочил Ковачки.

Петровска му даде 24 часа рок на Ковачки да се извини за обвинувањето, во спротивно ќе поднесе тужба за клевета.

Ирина Гелевска