Македонија

Со приватна инвестиција ќе се обновува скијачкиот центар Попова Шапка

18.11.2022 16:38

Сериозна понуда за приватна инвестиција во скијачкиот центар Попова Шапка, најави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Се работи за инвеститор од Европската унија, со големо искуство во оваа област. Од скијачкиот центарот Попова Шапка, очекуваат успешна ски сезона,...

Над 50 милиони евра е дел од првата фаза на инвестиција во туристичкиот центар Попова Шапка кој ја нуди приватниот инвеститор, вели министерот Насер Нуредини. Не прецизираше дали се работи јавно-приватно партнерство или пак приватна концесија. Сите детали ќе бидат објавени за една недела, транспарентно пред јавноста. Но, се работи за сериозна инвестиција, која ќе го дигне ски центарот на исто рамниште, со многу туристички места во Европа, вели Нуредини.

Од скијачкиот центарот Попова Шапка, очекуваат успешна ски сезона, која ќе започне, откако ќе паднат доволно количини снег. Засега нема најави за инсталација на вештачки снег, но се надеваат дека во понудата на инвеститорот, стои и овој зафат, неопходен за развој на центарот.

Досега, за скијачкиот центар Попова Шапка и оваа и минатата власт, имаа направено голем број физибилити студии и економски анализи за развој, но тие засега се само на хартија. Освен пуштањето во употреба на новата жичница, во центарот подолг период нема сериозни вложувања.

Зоран Димовски