Во мирна атмосфера се одвива гласањето во Куманово
Излезноста во првите часови од изборниот ден е помала, но вообичаено поголем одзив се очекува попладне информираат од избирачкие одбори...

Во мирна и демократска атмосфера се одвива гласање на сите 167 избирачки места места во Општината Куманово. Излезноста во првите часови од изборниот ден е помала, но вообичаено поголем одзив се очекува попладне информираат од избирачкиtе одбори.
„Гласачите се запознаени со правилата на гласање. Се се одвива во најдобар ред. Задоволни сме и од одзивот, досега од запишаните 500 гласаа околу 50 граѓани“, вели Кадрије Ислаили потпретседател на избирачкиот одбор на на изборното место 1073.
Кумановци со очекувања за проспирет, развој и економски напредок во државата.
„Се надевам дека после изборите ќе се отворат повеќе работни места за младите и ќе се подобри еконосмата состојба во Куманово“, изјави еден од граѓаните на ова избирачко место.
До крајот на денот во Општина Куманово своето право на глас може да го остварат 85.203 граѓани запишани во избирачкиот список.
И во Општините Липково и Старо Нагоричане гласањето тече нормално ,информираат тамошните изборни комисии.
Габриела Димковиќ
