Европски фестивалски награди

Таксират и Д Фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа

18.11.2022 19:01

И двата фестивали кои се во организација на „Пасворд“ се номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави. Зимскиот музички фестивал „Таксират“ е номиниран во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“, додека „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“...

Музичките фестивали „Таксират“ и „Д Фестивал“ се во трка за „Европски фестивалски награди“, признание за музичките настани во Европа, известуваат од „Пасворд“ продукција.

И двата фестивали кои се во организација на „Пасворд“ се номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави.

Зимскиот музички фестивал „Таксират“ е номиниран во категоријата „Најдобар фестивал во затворен простор“, додека „Д Фестивал“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“.

Победниците номинирани во категории се изгласани од публиката, која може да гласа тука, а гласањето е отворено до 7-ми декември.

„Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена“, велат од „Пасворд“

Прогласувањето на победниците ќе се случи на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија.

Претходно, „Таксират“ успеа да влезе и во најтесниот избор меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа.