Украина

Зеленски: Можно е исклучување на електричната мрежа

19.11.2022 10:10

Градските власти во Киев предупредија дека е можно целосно исклучување на електричната мрежа. Енергетската инфраструктура и натаму меѓу главните цели на руските воздушни напади...

Градските власти во Киев предупредија дека е можно целосно исклучување на електричната мрежа. Енергетската инфраструктура и натаму меѓу главните цели на руските воздушни напади.

„Жестоките битки во Доњецк продолжуваат, војувањето и пакоста воопшто не се намалени. Само вчера беа одбиени околу сто руски напади во овој регион. Нашите војници на позициите во Донбас се вистински херои“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, Полска одлучи и дека нема да издава визи на руската делегација за состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка закажан за на 1-ви и 2-ри декември во нивниот град Лоѓ. Премиерот Моравјецки изјави дека ракетата на украинската противвоздушна одбрана која падна на истокот на Полска и усмрти две лица е доказ дека заканата која Русија ја создала во Украина е закана и за Полска. Според претседателот Дуда, инцидентот е веројатно несреќен случај, а не директен напад.