Швајцарија
Идната недела голема воена вежба, прва по три децении
19.11.2022 10:11
По 33 години, Швајцарија организира голема воена вежба наречена „ПИЛУМ 22“ во која учествуваат 5 илјади војници...

По 33 години, Швајцарија организира голема воена вежба наречена „ПИЛУМ 22“ во која учествуваат 5 илјади војници.
Маневрите ќе се одржат идната недела во неколку кантони, вклучувајќи ги и Берн и Цирих. Меѓу другото, ќе биде тестирана и интеракцијата на различни елементи на механизираната бригада.
Во вежбите учествува и одделение специјализирано со електронско војување. Планирањето на маневрите почна пред две години, а последните биле одржани во 1989 година.
