Претставнички дом на САД

Хаким Џефрис сака да ја замени Пелоси на чело на демократите

19.11.2022 10:12

Американскиот конгресмен Хаким Џефрис почна кампања за претседателската позиција во Претставничкиот дом, ден откако Ненси Пелоси, досегашната лидерка на демократите во Конгресот, изјави дека ја напушта функцијата...

Американскиот конгресмен Хаким Џефрис почна кампања за претседателската позиција во Претставничкиот дом, ден откако Ненси Пелоси, досегашната лидерка на демократите во Конгресот, изјави дека ја напушта функцијата.

Доколку биде избран, ќе стане првиот Афроамериканец со ваков мандат во Долниот дом. Пелоси преку соопштение изрази поддршка за неговата кампања.

Џефрис за прв пат беше избран во Конгресот во 2012 година. Претходно беше претставник во парламентот на државата Њујорк.