До 10 часот излезеноста во Штип е околу 10%

27.04.2014 11:54

Рака за рака и со помош на бастун. Вака 80-годишните Ангелина и Лазар од Штип, денес се упатија кон гласачкото место. Велат обврската мора да се исполни...

Заклучно со 10.00 часот, своето гласачко право во Штип го исполнија околу 10 отсто од гласачите, односно од 41.698 запишани гласачи,  гласале окол 4.100.

„Гласам на сите изборни циклуси, редовно. Досега овде немало никакви проблеми, а и не верувам дека ќе има. Веќе станавме културни“, вели еден од гласачите.

Рака за рака и со помош на бастун. Вака 80-годишните Ангелина и Лазар од Штип, денес се упатија кон гласачкото место. Велат обврската мора да се исполни.

„Граѓанска должност е да се јавиме на гласање. Нека победат оние што имаат повеќе среќа“, вели Ангелина.

„Едвај дојдов, ама што да се прави. Мора да се гласа“, додава Лазар.

Гласањето во Штип се одвива во мирна и демократска атмосфера, а се гласа на 80 избирачки места.

 

Оливера Жежова