Македонија

Мариово е речиси раселено, се бара внимание од државата

19.11.2022 11:04

Бараме внимание и државата да ги исполни законските обврски – обезбедување основни услови за живот во големото, заборавено Мариово, велат од иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на оваа област која зафаќа 4 насто од територијата на Македонија, но е речиси раселено. Не се откажуваат од настојувањата и велат-не може да се прават чуда, ама може да има одреден развој а не само експлоатација на природните богатства...

Бараме внимание за Мариово, е едноставната порака на некогашните и, некои од сегашните жители на најретко населена област во Европа. Педесетина години не се води грижа ниту се реагира за каков било развој. И долгоочекуваниот Чебрен е неизвесен. Замира животот, успева само експлоатацијата на природните богатства со 10-тина рудници, реагираат од иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово.

Со природни богатства, можности за сточарство, а зошто не и за туризам може да има успешна приказна. Има и примери на упорност.

Од иницијативниот одбор за Мариово велат – упорно ќе бараме внимание за оваа област, богата со историја и приодни богатства. На над 1.100 метри квадратни, Мариово зафаќа четири насто од територијата на Македонија. А има само неколку стотини жители.

Елизабета Митреска