Секојдневно се палат стрништа во кочанско
Земјоделците продолжуваат со праксата на палење на стрништата и покрај тоа што Законот за земјоделско земјиште го забранува. За да ги избегнат казните, земјоделците стрништата ги палат во текот на вечерните часови. Експертите сметаат дека оваа пракса може да се напушти доколку се создадат услови за модернизација на земјоделската механизација...

Секојдневно горат полињата во кочанско. Не се менува навиката за палење на нивите после жетва и покрај фактот дека огнот предизвикува трајна штета на земјиштето. Оваа пракса може бргу да се напушти доколку земјоделците имаат современа механизација, смета деканот на Земјоделскиот факултет на УГД. Но за жал таа е скапа е недостапна за најголем дел од нив.
И земјоделците се согласни дека палењето на стрништа не е соодветен начин на третирање на површините, но велат дека не се моќни да набават современи машини.
Кочанските пожарникари секојдневно интервенираат на површините под ориз и житарици, 80 насто од интервенциите овие три месеци се на отворено. Палењето на стрништата е забрането со закон, но заради малиот број инспектори на терен, сторителите ретко се санкционираат. Казната се движи до илјада евра.
Славица Величковска
