Корејски полуостров
Заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја
19.11.2022 12:10
Американски бомбардери на заеднички воени вежби со армијата на Јужна Кореја по лансирањето на последниот севернокорејски проектил. Претходно беа одржани маневри и со јапонските сили...

Американски бомбардери на заеднички воени вежби со армијата на Јужна Кореја по лансирањето на последниот севернокорејски проектил. Претходно беа одржани маневри и со јапонските сили.
Ким Јонг-Ун, лидерот на Северна Кореја, најави дека ќе продолжи со пробите. Вашингтон, Сеул и Токио се обидуваат да ја зајакнат безбедносната соработка поради загриженост од можен нуклеарен тест од страна на Пјонгјанг, прв по пет години.
Во меѓувреме, се појавија фотографии од ќерката на Ким која го придружуваше на инспекција пред лансирањето на проектилот.
