Македонија

Црвен крст ја одбележува Неделата на грижа за старите лица

19.11.2022 12:32

Со продажен базар заврши Неделата за грижа за старите лица. Собраните пари се наменети за хуманитарни цели. Се одбележуваше под мотото „Сите сме нивни деца“. Целта на акцијата е да се подигне свеста за грижата за старите лица и потребата од помош за нив...

Под мотото „Сите сме нивни деца“ се одбележува неделата на грижа за старите лица. Целта на оваа акција е да се подигне свеста за грижата за старите лица и потребата од помош за нив.

Со низа активности Црвениот крст ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. Покрај прошетки и дружења, мерење на крвниот притисок и шеќерот, се организираа креативни работилници на кои членовите на дневните центри изработуваат разни предмети. Интересот за овие центри постојано се зголемува.

Членките на Дневните центри задоволни. Велат си го исполнуваат времето со дружење.

Целта на оваа програма е развивање на вонинституционални форми на грижа за старите лица и промовирање на активното стареење.

Тања Сарандеска