Бугарија
Во Бугарија приведени 5 лица во врска со нападот во Истанбул
19.11.2022 14:38
Во Бугарија се уапсени пет лица поради логистичко помагање на осомничен за бомбашкиот напад во центарот на Истанбул...

Во Бугарија се уапсени пет лица поради логистичко помагање на осомничен за бомбашкиот напад во центарот на Истанбул.
На авенијата Истиклал загинаа шест лица, а осумдесетина беа повредени.
Турција уапси 17 лица и ја обвини Курдската Работничка Партија, која, пак, отфрла вмешаност во нападот.
