Годишна Конференција за клима на ОН, позната како КОП27
Историски договор на годишната Конференција за клима позната како КОП27. Делегатите на Климатскиот самит во Египет официјално одобрија договор за финансирање на земјите во развој кои се најизложени на климатските промени...

Историски договор на годишната Конференција за клима позната како КОП27. Делегатите на Климатскиот самит во Египет официјално одобрија договор за финансирање на земјите во развој кои се најизложени на климатските промени. За прв пат е одлучено да се формира фонд за санирање на климатските штети беше донесена по маратонски и тензични преговори. Во Спогодбата е нагласена потребата од нови, дополнителни, предвидливи и соодветни финансиски ресурси за помош на сите држави во развој кои се особено ранливи на економските и другите последици од климатските промени.
„Одговоривме на повикот, го создадовме првиот фонд наменет за загуби и штета, фонд кој се подготвуваше долго време“, рече Самех Шукри, претседател и министер за надворешни работи на Египет.
„Цената на пасивноста е далеку поголема од цената на активноста. До 2030 година имаме уште само седум сесии на КОП. Мора да се фокусираме на тој момент и потоа да работиме од таа точка. Пред нас има серија клучни моменти“, изјави Сајмон Стил, Извршен секретар за климатски промени при ОН.
Делегатите на овој самит не успеаја да ги решат прашањата за температурниот лимит, намалувањето на емисиите на штети гасови и постепениот прекин на употребата на фосилни горива. „Јасно е дека ова нема да биде доволно, но потегот е потребен политички сигнал за враќање на изгубената доверба“, порача генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш.
„Нашата планета е сè уште на интензивна нега. Мора драстично да ги намалиме емисиите, а тоа е прашање со кое КОП сега не се занимаваше. На светот му е потребен огромен скок за климатската амбиција. Црвената линија која не смееме да ја преминеме е температурниот праг од 1,5 степени. За да се надеваме на тоа, мора масовно да инвестираме во обновливи енергии и да се откажеме од зависноста од фосилни горива“, рече Антонио Гутереш, генерален секретар на ООН.
Во споредба со 19. век, светската температура е повисока за околу 1,1 целзиусов степен, а количеството на јаглерод диоксид во атмосферата е зголемено за 50%. Научниците предупредуваат – доколку не се преземат мерки, глобалното затоплување ќе резултира со катастрофални топлотни бранови, зголемени нивоа на морињата и изумирање на многу животински и растителни видови.
