Украина

Борби во Донбас, Британија праќа воена помош

20.11.2022 10:18

Продолжуваат борбите на украинските фронтови, најжестоките се во Донбас околу Бахмут. Британскиот премиер Риши Сунак најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 50 милиони фунти...

Продолжуваат борбите на украинските фронтови, најжестоките се во Донбас околу Бахмут. Британскиот премиер Риши Сунак најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 50 милиони фунти.

Полска му забрани на рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров да присуствува на состанокот на Организацијата за Европа безбедност и соработка.

Москва реагира – одлуката е провокација без преседан.