Сирија

Турски авиони гранатираа курдски села

20.11.2022 10:21

Турски авиони гранатираа две курдски села во северна Сирија – изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ)...

Турски авиони гранатираа две курдски села во северна Сирија – изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ).

Анкара претходно најави дека планира да ја продолжи акцијата во овој регион против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак која почна по смртоносниот бомбашки напад минатиот викенд во Истанбул.

Владата ги обвини милитантите за експлозијата на авенијата Истиклал во која имаше жртви. Засега ниедна група не ја презеде одговорноста.