Продолжува напнатоста во Украина: Заробени трoјца специјалци

27.04.2014 12:25

Во синоќешниот напад кај Соледар, можно е да има еден загинат...

Единиците на проруската самоодбрана во Горловка заробија тројца украински специјалци, а четворица побегнале. Приведените наводно имале задача да го извидат теренот и да го киднапираат Игор Безлер, лидерот на доњецките сепаратисти.

„Единствен начин да ги ослободиме е размена на затвореници за наши колеги кои беа тајно киднапирани од слични групи“, вели Игор Стрелков, командант на единицата за самоодбрана на Донбас.

Во синоќешниот напад кај Соледар, можно е да има еден загинат, а неколкумина се заробени кога непознати вооружени лица слетаа со хеликоптер и отворија оган врз контролен пункт на сепаратистите. Претседателот на САД Обама, за време на посетата на Малезија, потврди дека можеби уште утре ќе бидат воведени нови санкции против Русија.