Првичните резултати ДИК ги објавува сукцесивно, а конечните во рок од 24 часа
Според Изборниот законик сите учесници во изборниот процес имаат одредени права и обврски и можат да реагираат доколку сметаат дека е нарушено нивното право.
По завршувањето на гласањето , Избирачките одбори се должни записниците и другиот изборен материјал во рок од 5 часа да го достават во Општинските изборни комисии, а тие го сумираат целокупниот изборен материјал и го доставуваат до Државната изборна комисија веднаш, но најдоцна 12 часа по завршувањето на гласањето.

Секој подносител на листа на кандидати може да поднесе приговор до ДИК во текот на процесот, но, најмногу до 48 часа по завршувањето на гласањето.Комисијата е должна во рок од 48 часа по приемот да реши по приговорот. Ако не е задоволен, подносителот во рок од 48 часа од приемот може да поднесе тужба до Управниот суд против одлуката на ДИК. И избирачите може да поднесат приговор до ДИК во рок од 24 часа, а Комисијата мора да реши најдоцна за 4 часа. ДИК може да го поништи гласањето на одредено гласачко место доколку по службена должност или по приговор се утврдат неправилности.
Соња Стојановска