Косово
Вучиќ и Курти на средба во Брисел
21.11.2022 09:59
Приштина ја одложи одлуката за регистарските таблички, српскиот претседател Вучиќ на средба со косовскиот премиер Курти во Брисел..

Претседателот на Србија, Вучиќ и косовскиот премиер Курти, на средба во Брисел поради спорот околу регистарските таблички. Посредници во дијалогот се шефот на европската дипломатија Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак.
Според најавите, на состаноците ќе се разговара за актуелната криза, за да се спречат нови ескалации на терен поради проблемот со табличките и враќањето на Србите во институциите на северот од Косово.
Полицијата на Косово ја одложи одлуката за финансиско казнување за возилата со српски регистрации на 24 часа. Месецов се изречени веќе 1740 опомени за сопствениците на возилата.
