Украина
Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за Запорожје
21.11.2022 10:10
Меѓународната агенција за атомска енергија процени дека во текот на викендот биле извршени десетина воздушни напади, но не посочија од која страна во конфликтот

Русија и Украина со меѓусебни обвинувања за гранатирање на нуклеарната централа во Запорожје.
Меѓународната агенција за атомска енергија процени дека во текот на викендот биле извршени десетина воздушни напади, но не посочија од која страна во конфликтот. Најголемата електрана во Европа е стационирана на југот на Украина и е под окупација на руските сили.
