Партии

ВМРО-ДПМНЕ: На функционерите- паразити треба да им се конфискува имотот

21.11.2022 10:12

Функционерите на СДС и ДУИ го кријат својот имот од граѓаните, од голтари до милионери. Фатени во лага, секој ден измислуваат по некоја нова приказна се со цел да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, и нивното енормно богатење откако станале функционери во власта.

Додека граѓаните молат за помош или лекувања преку донации, додека секој ден гледаме протести на земјоделците низ државата заради неисплатениот род, додека студентите протестираат за студентски оброк, функционерите - паразити на СДС и ДУИ зимаат илјадници евра месечна плата на грбот на граѓаните, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат- паразитите на СДС и ДУИ на грбот на граѓаните ги живеат сите придобивки од државата. За еден мандат од четири години паразитите од СДС и ДУИ зимаат и до 300 илјади евра, пари од буџетот на државата.

Функционерите на СДС и ДУИ го кријат својот имот од граѓаните, од голтари до милионери. Фатени во лага, секој ден измислуваат по некоја нова приказна се со цел да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, и нивното енормно богатење откако станале функционери во власта.

Богатењето на сметка на граѓаните, како и сокривањето на имотот на функционерите на СДС и ДУИ ќе му дојде крајот- нагласуваат од партијата.