НАТО

Шведска и Финска да ги заострат законите против тероризам, порача Столтенберг

21.11.2022 10:14

Скандинавските земји поднесоа барање за влез во Алијансата поради руската инвазија во Украина. Анкара првично им го попречи патот поради убеденост дека нордиската двојка поддржувала терористички движења...

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг очекува Шведска и Финска да ги заострат законите против тероризам, пред сè, поради Турција која, според него, била најизложена на удари од групи како што е Курдистанската работничка партија, позната како ПКК.

Скандинавските земји поднесоа барање за влез во Алијансата поради руската инвазија во Украина. Анкара првично им го попречи патот поради убеденост дека нордиската двојка поддржувала терористички движења.