СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е партијата на паразити и тоа е докажано со факти и документи
Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека граѓаните осиромашуваа и тонеа во сиромаштија функционери од ВМРО-ДПМНЕ земале огромни суми на народни пари, како на месечно така и на годишно ниво, соопштуваат од СДСМ.
Ивица Томовски, човекот што секој ден од белиот дворец, од симболот на криминалот и корупцијата, зборува за паразити и самиот е паразит на ВМРО-ДПМНЕ кој земал огромни пари од граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно и безобразно е денес токму Томовски да зборува за паразити кога тој и Мицкоски во време на најголема сиромаштија, се богателе на грбот на граѓаните. Ништо не го менува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити, велат од СДСМ.
