Град Скопје

Приватните автобуси не сообраќаат, ЈСП не им го исплатил долгот

21.11.2022 10:41

Сопственикот Ленин Јовановски на средба со градските власти и ЈСП. Ако нема договор се најавуваат протести, па дури и штрајк...

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, од денеска не сообраќаат поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не им го исплатил долгот.

Сопственикот Ленин Јовановски на средба со градските власти и ЈСП. Ако нема договор се најавуваат протести, па дури и штрајк.

Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП, односно од градот, престанаа да возат и автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.