Совет на јавни обвинители

Нов обид за избор на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство

21.11.2022 10:44

Минатиот понеделник не беше избран поради како што објасни претседателот Јолевски, требало повеќе време за да се разгледаат кандидатурите.

На седница на Советот на јавни обвинители, нов обид за избор на шеф на скопското вишо јавно обвинителство.

Минатиот понеделник не беше избран поради како што објасни претседателот Јолевски, требало повеќе време за да се разгледаат кандидатурите.

Првично во трка за претседател на Вишото јавно обвинителство имаше тројца кандидати, но ненајавено и без образложение, обвинителката Фатиме Фетаи се повлече.

За функцијата претендираат, актуелниот претседател Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми од СЈО.