УХМР

Променливо облачно со локални врнежи, најмногу дожд на Попова Шапка

21.11.2022 10:49

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во утринските часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.

Влажниот воздушен бран што го зафати нашето подрачје, во изминатите 24 часа донесе најголемо количество воден талог на Попова Шапка, од 61 литар на квадратен метар. На мерната станица, Скопје- Петровец се измерени 21, на Скопје- Зајчев Рид 11. Најмалку дожд наврна во Демир Капија, еден литар на метар квадратен.

Претпладнево преовладува променливо облачно и ветровито време, на места со слаб локален дожд и услови за слаб снег на повисоките планини.

Попладне на повеќе места се очекуваат сончеви периоди. Максималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 16 степени. Во Скопје, температурата до 12 степени.