Шести пораз за МЗТ во АБА

18.11.2022 21:11

Сепак, противникот го потврди фаворитскиот статус, победи тесно со 101-97 и барем привремено го презеде врвот. Српската екипа има биланс 6-1, а нашата екипа гравитира кон дното иако на крајот на мечот дојде во позиција дури и да се надева на целосен пресврт.

Досегашните резултати не оставија преголема основа за оптимизам пред гостувањето на кошаркарите на МЗТ Скопје кај ФМП во Јадранската лига, но македонскиот тим одигра тесен натпревар. Сепак, противникот го потврди фаворитскиот статус, победи тесно со 101-97 и барем привремено го презеде врвот. Српската екипа има биланс 6-1, а нашата екипа гравитира кон дното иако на крајот на мечот дојде во позиција дури и да се надева на целосен пресврт.

Мичовиќ и Кефи со по 18 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, Јигитоглу даде 16, а Војдан Стојановски 15. Двоцифрени беа и Ајви со 11 и Магдевски со 10 кошеви.

Во седмото коло од АБА лигата, утре Црвена Звезда ќе игра со Цибона, Игокеа ќе ја пречека Цедевита Олимпија, а Задар ќе истрча на свој терен против Будуќност. Првопласираниот Партизан, кој нема пораз досега, в недела ќе се сретне со Сплит.