Македонија

Средба на Пендаровски со потпретседателот на Европската пливачка федерација Јосип Варводиќ

21.11.2022 11:37

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација – ФИНА. На средбата се разговараше за актуелните состојби и за досегашните реализирани активности на Националната пливачка федерација...

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јосип Варводиќ, потпретседател на Европската пливачка федерација и член на бордот на Светската пливачка федерација – ФИНА.

На средбата се разговараше за актуелните состојби и за досегашните реализирани активности на Националната пливачка федерација, како и за организациските проекти во пливањето на домашен и меѓународен план.

Во контекст на блокираната сметка на Националната пливачка федерација и долговите кон светската и кон европската пливачка федерација, на средбата се разменија мислења и информации за можните начини за изнаоѓање решенија за предизвиците поврзани со работата на федерацијата.