Нормален и мирен процес на гласање во гостиварско
На списокот се дедо и внук, родени едниот во 1924 година гласа на 90-годишна возраст, а внукот роден 1990 година, разликата е над 65 години...

Во поширокиот гостиварски регион, во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, за вториот круг на претседателските избори и предвремените парламентарни избори гласачите ќе излезат на вкупно 197 избирачки места. во списокот на избирачи за вториот круг на претседателските избори има 110.427 избирачи, а за предвремените парламентарни избори има 107.723 избирачи или 27.004 избирачи се помалку за парламентарните избори.
Во избирачкиот список на изборното место 0389 името Владимир Јовановски се појавува два пати под број 157 и 158.
„Тоа не е грешка зошто има различен матичен број“, вели Елеонора Исеини, претседател на изборно место 0389.
На списокот се дедо и внук, родени едниот во 1924 година гласа на 90-годишна возраст, а внукот роден 1990 година, разликата е над 65 години.
Инаку процесот на гласање во гостиварскиот регион се одвива нормално и засега мирно.
Емил Јованоски
