РКЕ

Пониска цена на горивата од полноќ

21.11.2022 12:37

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени – бензинот од 95 октани поевтинува за три денари и ќе се продава за 88,5 денари за литар. За три денари поевтинува и дизелот – новата цена е 90 денари...

Горивата поевтинуваат од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени – бензинот од 95 октани поевтинува за три денари и ќе се продава за 88,5 денари за литар. За три денари поевтинува и дизелот – новата цена е 90 денари.

Пониска цена за денар и половина ќе има и бензинот од 98 октани и ќе се продава за 90,5 денари за литар. За 2,5 денари поевтинува екстра лесното масло за домаќинство, а се намалува и цената на мазутот.