Здравство

Нема терапија за пациентите со цистична фиброза

21.11.2022 13:13

Нема лекови за пациентите со цистична фиброза, алармираат и пациентите и лекарите, молк од надлежните институции. Додека во Македонија тие се оставени сами на себе, во соседството добиваат најсовремена терапија, која не ги санира последиците, но ја лекува болеста во почетната фаза. Со дијагноза цистична фиброза во Македонија има околу 140 пациенти...

Ивана Атанасоска е една од многуте пациенти со цистична фиброза која е оставена сама на себе. Вели, терапија немаат со месеци и тоа од онаа што ги лекува последиците од болеста. Новата модулаторна терапија која делува во основата на болеста, засега е недостижна за пациентите од земјава.

Пациентите со цистична фиброза, многу често. имаат потреба од болничко лекување поради проблеми со респираторниот систем, дигестивниот систем, органите за варење, жлезди за внатрешно лачење. Со квалитетна терапија може да имаат квалитетен живот.

Центарот за лекување пациенти во болницата Козле е затворен. Децата се лекуваат на Клиниката за детски болести, возрасните на Пулмологија. Во Македонија, околу 140 пациенти имаат цистична фиброза.

Наташа Јанчиќ Менковски