Тетово: Изборниот процес тече мирно и без проблеми

27.04.2014 13:18

Во избирачките места кои ги посетивме велат дека изборниот процес тече мирно и без проблеми...

Фер и демократски. Вака тетовци го оценуваат досегашниот тек на гласањето. Како одминува денот, така се зголемува раздвиженоста по гласачките места.

Еве ги очекувањата на жителите на Тетово по овие избори.

„Најважно е изборите да бидат фер и демократски. Да ни биде поубав животот. На економски и секој план да напредува државава“, велат жители на Тетово.

Во избирачките места кои ги посетивме велат дека изборниот процес тече мирно и без проблеми.

„Гласањето се отвори во седум часот, нема нерегуларности, а излезноста во ова избирачко место до сега е 10%. Се гласа напоредно и за претседател и за парламентарните избори“, изјави Сања Стојкоска – Зам. Претседател на ИМ 1968.

Во општина Тетово за претседател до 10 часот гласале 3,24%, а за парламентарните избори на гласање излегле 4,84% од гласачите. 

 

Зоран Јованоски