Турција
Уапсени соучесници за нападот во Истанбул
21.11.2022 13:21
Турската полиција уапси две лица осомничени дека им помогнале на извршителите на терористичкиот напад во Истанбул да ја преминат турската граница. Тие ѝ помогнале на Ахлам Албашир-терористката која го изврши делото...

Турската полиција уапси две лица осомничени дека им помогнале на извршителите на терористичкиот напад во Истанбул да ја преминат турската граница.
Тие ѝ помогнале на Ахлам Албашир-терористката која го изврши делото, и на уште едно лице за кое се сомнева дека е вмешано во нападот, и е во бегство, илегално да ја преминат турската граница.
Во експлозијата на туристичката улица Истиклал, загинаа шест лица, а 81 беа повредени.
