Најстариот гласач во Кривогаштани има 93 години, не пропуштил ниту едни избори

27.04.2014 13:24

Инаку гласањето во Кривогаштани поминува во мирна атмосфера, до 10 часот и за претседател и парламентарните избори гласале 11 %...

Со своите 93 години Тоше Дунимаглоски, од селото Кривогаштани е еден од најстарите гласачи во прилепско. Досега не пропуштил избори, гласал и во Кралството на СХС, и во Југославија, и во Македонија. Најубаво му било кога гласал во самостојна Македонија.

„Се беше за тоа, одевме, се боревме, вошки имавме за кого, за што ? Се разбора за Македонија“, вели Тоше Дунимаглоски, најстар гласач.

Инаку гласањето во Кривогаштани поминува во мирна атмосфера, до 10 часот и за претседател и парламентарните избори гласале 11 %.

Гласањето мирно поминува и во Прилеп. До 10 часот за претседател гласале 18%, а за парламентарните избори 20%.

„Помеѓу првиот и вториот круг на изборите нема некоја разлика, ист е процентот на излезеност до 10 часот“, рече Елена Чагороска, Претседател на ОИК Прилеп.

Во Македонски Брод до 10 часот гласале 9,3% за претседателските избори, и 10,3% за парламентарните. Во Крушево до 10 часот гласале 13% од граѓаните.

 

Дарко Штаргоски