Мирен изборен процес во Охрид
Изборниот процес во општина Охрид се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Утрото сите 88 избирачки места беа отворени во законски утврдениот термин.Од вкупно запишаните 51 211 граѓани со право на глас во вториот круг од претседателските избори до 10 часот гласале 10,76 проценти, додека од запишаните 50.895 гласачи за предвремените парламентарни избори се изјасниле 10,87 проценти од граѓаните.

„Секојпат се надеваме за подобро утре, вработувања за најмладите... Очекувам подобар живот на граѓаните, на земјоделието, малку пензионерите да бидат попривилегирани... “, велат охриѓани.
И во општина Дебарца гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, а до 10 часот излезноста беше 13 проценти.
Сашо Нелоски