Гласањето во Југоисточна Македонија се одвива во демократска атмосфера

27.04.2014 13:39

Во југоистокот на Македонија се гласа на вкупно 278 избирачки места во десет општини...

Мирно и без проблеми тече гласањето во Југоистокот на Македонија. Од поголемите општини, во Струмица до 10 часот гласале 11,75% од граѓаните за претседателските и 11,83 за праламентарните избори. Тука право на глас имаат 47.981 за парламентарните избори, а 46,723 за претседателските. Во Гевгелија до 10 часот излезноста изнесува 11,7%, во Валандово 10,6, во Радовиш до 10 часот 8,7% гласале за претсеадтелските, а 10 насто за парламентарните. Граѓаните очекуваат избрите да се одвиваат во мирна и демократска атмосфера.

Во југоистокот на Македонија се гласа на вкупно 278 избирачки места во десет општини. Според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, во регионот право на глас за парламентарните избори имаат 146.062 граѓани, а за претседателксите избори 142.086 лица.

 

Катерина Давчева