Регион

Курти го прифати американскиот предлог за 48-часовно одлагање на казнувањето за таблички

22.11.2022 09:10

Речиси две години, спорот со регистарските таблички ги подгрева тензиите меѓу Србија и Косово...

Косово ги одложи плановите за казнување на возачите кои одбиваат да ги предадат старите регистарски таблички издадени од Србија за 48 часа по барањето на Соединетите држави.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти за одложувањето преку објава на својот Твитер профил рано утрово.

„Го прифаќам неговото барање (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа… Среќен сум што ќе работам со САД и ЕУ за да се најде решение во следните два дена“, напиша Курти.

Косовската полиција претходно најави дека казните треба да бидат изречени од вторник во 08 часот и ќе погодат околу 10.000 возачи.